ПОЧЕТНА ЗА АЦЕ ПРОГРАМА УСЛУГИ ПРОЕКТИ НАСТАНИ ПУБЛИКАЦИИ ПАРТНЕРИ ФОТО ГАЛЕРИЈА
 
КОНТАКТ

Фондација
Агро-Центар за
Едукација

адреса:
П.ФАХ 68
ул. Цицо Поповиќ,
бр. 7-2/14
Скопје, Р. Македонија

телефон:
+389 2 3222 015

e-mail:
contact@ace.org.mk

 
Поддржано од:
 
 
     Испечати ја страницата   Контактирајте не  
     
      
 
 

ЗА АЦЕ

Фондацијата Агро-центар за едукација е непрофитна фондација, основана 2006 година од страна на Земјоделскиот институт во Скопје.

Македонското земјоделство, со цел да остане конкурентно во процесот на транзиција и преструктуирање, е во тесна врска со научните институции кои можат да обезбедат валидни информации за понатамошниот развој.

Научниот кадар на ЈНУ Земјоделски Институт – Скопје постојано ги следи најновите достигнувања во областа на современото земјоделие. Оваа научна институција е една од најстарите во Р. Македонија и е оформена во 1927 година. ЈНУ Земјоделски Институт – Скопје, работејќи во исклучителни динамични услови, со својот тим обезбедува поддршка за развој на македонското земјоделство.

Во рамките на прилагодувањето на Институтот кон современите потреби на земјоделството, руралниот развој и заштитата на човековата околина, се наметна потребата од посебна единица која ќе се занимава со едукација во земјоделството - Фондација „Агро-центар за Едукација„ (АЦЕ).

Визија - АЦЕ е синионим за развој на човекови ресурси во земјоделството, производство на храна, заштитата на човековата околина и рурален земјоделски развој во Македонија и регионот, потпирајки се на долгогодишното искуство на Земјоделскиот Институт во Скопје.

Мисија - Услугите во образованието на АЦЕ ги задоволуваат потребите на советниците во земјоделството, фармерите, специјалистите, раководителите во индустриите, политиката, администрацијата и невладиниот сектор во Македонија и регионот во областа на земјоделството, производството на храна, заштитата на човековата околина и руралниот развој.

Општата цел на Фондацијата АЦЕ е развој на земјоделството во Македонија и регионот, преку јакнење на човековите ресурси, засновано на неформалната и формалната едукација.
Оваа цел значи дека Фондацијата АЦЕ го јакне влијанието на едукацијата во развојот на оддржливото земјоделство, заштитата на животната средина и руралниот развој, преку имплементација на современи курикулуми во неформалното и формалното образование.


АЦЕ своите активности во едукацијата ги извршува во две главни насоки:
  • Неформално образование (обуки, курсеви, семинари и слично)
  • Формално образование (последипломски и докторски студии)

Структура

Одбор на старатели (7 членови)
Др. Гордана Попсимонова
Претседател

Извршна канцеларија
Љупчо Тошев
Извршен директор
Николчо Стоилковски
Соработник на проекти
Винко Јукиќ
Соработник на проекти
Наташа Огненоска
Администрација

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


Како да не најдете
 
  © FACE, All rights reserved