Фондацијата Агро-центар за едукација е непрофитна фондација, основана 2006 година од страна на Земјоделскиот институт во Скопје.
Во рамките на прилагодувањето на Институтот кон современите потреби на земјоделството, руралниот развој и заштитата на човековата околина, се наметна потребата од посебна единица која ќе се занимава со едукација во земјоделството - Фондација Агро-центар за едукација (АЦЕ).
Визија - АЦЕ претставува синоним за развој на човековите ресурси во областа на земјоделството, производството на храна, заштитата на природната средина и руралниот развој во Македонија и регионот, потпирајки се на долгогодишното искуство на Земјоделскиот институт во Скопје.
Поаѓајќи од оваа визија, АЦЕ ја дефинира својата генерална цел, а тоа е: развој на земјоделството во Македонија и регионот, преку јакнење на човековите ресурси, засновано на неформалната и формалната едукација.